среда, 26 септември 2012 г.

networking

Youtube> Anthropology Tested канал. Повелете аплоадувајте филмчиња, и сабскрајбувајте се на канали.

Фејсбук: http://www.facebook.com/TestingAnthropology - малку ми беше шубе да ставам туѓи фотографии и слики(профајл пикс/ковер) но, исто така - ако не и повеќе - да ставам мои. Засега нека биде како што е, а тоа „засега„ - нека биде до следниот состанок. Ве мољаме, да размислите за можни дизајнерски решенија, кои сами по себе комуницираат многу.

Твитер: TestingAnthropo


i Flickr >>> Ete go! 


Се надевам дека ќе се вклучите.
Ану!

Прес клипинг РА6

Зарез, хрватско списание



Ова е единствениот „материјал„ кој го имаме во моментов, го нема ниту онлајн, на овој начин нѝ беше приложен од хрватските колеги. 

Младина  - словенечката култна Младина. Прашајте ги своите родители  за ова списание, и нивната реакција ќе ви објасни многу. 


Ljubljana skozi oči mladih antropologov z vseh koncev bivše SFRJ

Jasna Rajnar Petrović  |  16. 7. 2012

Она што дојде како изненадување е, http://roaminganthropologymak.blogspot.com/ - македонската верзија на РА. Изненадувањето е во тоа што никој од нас, не знае кој е одговорен за овој блог.

Во секој случај, сега ќе отворам ФЛИКР или ПИКАСА албум каде што ќе можеме да ги ставаме нашите фотографии, од семинари, летни школи, студирање во странство и секако, и можеби и најбитно - оние од етнографски карактер.

Темпо

Блогот постои 2 дена, а веќе стигнаа 2 есеи.

Марија Г.: On Colonialism and the Birth of Anthropology

и Михајло: Satanizam:Zastraшuvaчkata Religija

понеделник, 24 септември 2012 г.

која опција, за привремен темплејт повеќе ви се допаѓа

а) темната

б)„она другото„



и конечно, би сакала да посочам што е возможно: чивилук  *ако кликнете на чивилук ќе дознаете дека е линк* (- мислам дека ја видов кристината 'натре). возможно како формат,  односно, што тој формат нуди како можности. се молат сите тројца што доаѓаат овде овие постови да не ги земаат за озбилно, односно како знак како ќе изгледа блогов, кога ќе се пушти во оптек. ова е за интерна употреба, интерен разговор. 

недела, 23 септември 2012 г.

Не поминаа ниту неколку часови

после она што од миља си го завикавме „првото заседание„  а веќе имаме и блог.

Генералното чувство е дека состанокот беше продуктивен. На генералното чувство мислам: откако Јана го кажа тоа, Ана на глас се согласи, а преостанатите „учесници„ климаа замислено со главата.