петок, 3 мај 2013 г.

Како до одлична презентација.


Како до одлична презентација.
Безвременски совет од Кенет Роман и Џоел Рафаелсон.


Ни еден говор не бил прекраток

Прочирајте ја книгата Роман и Рафаелсон околу пишувањето. Прочитајте ја најмалку 3 пати”, сугерира Дејвид Огелви во неговите 10 безкомпромисни совети околу пишувањето. Всушност, повеќе од триесет години по нејзиното оригинално објавување во 1981 година,  Writing That Works: How to Communicate Effectively In Business (UK; public library) , од страна на поранешниот директор на  Ogilvy & Mather Кенет Роман и легендарниот рекламаџија Џоел Рафаелсон, се уште нудат безвременско-практични совети околу уметноста, науката и психологијата на успешната комуникација, во бизнисот и пошироко. Иако можеби сте среќен конкурент помеѓу корпоративниот аудиториум и имате смислено начин како да избегнете работна обврска, правејќи го тоа што го сакате, тука се објавени одредени техники и вештини кои ќе ве наведат на преиспитување на содржината заради очекуваниот судир со публиката, без разлика на дисциплинската рамка.
 Да ја земеме за пример, уметноста на една голема презентација. Роман и Рафаелсон нудат концизен, прецизен план:


Како да се организира презентација.
Организирањето на презентација е комбинација од чисто мислење (пример. пирамидален принцип) и чиста комуникација (точки кои следат надолу).
Организационата шема е најчесто конференциска соба т.е. бизнис опкружување. Се што е изговорено, се што е претставено и секоја техника што е искористена при презентацијата мора да води и насочува кон вашите целни точки, нормално во духот на бизнис средбите.
1. Одржувајте ги работите јасни – чувајте ги на целта.
Почнете со специфични, пишани целни точки – и стратегија. Секако ви треба тема за да остане презентацијата целосна и насочена и да ја подобри вашата намера во умот на публикумот. Изведете едноставна тема, лесна за паметење и отворете ја презентацијата со неа, со нејзино нагласување.
Поврзете го секој елемент во шема со презентацијата. Ако користите дијаграми, гледајте да темата за која зборувате да дојде до израз, сместувајќи ја суптилно до самиот дијаграм, така што аудиториумот секогаш ќе биде насочен за што се разговара и оспособен да ја прими пораката.
2. Изнесете се пред аудиториумот во која насока ќе одите.
Покажете ја агендатата со целни точки што ќе бидат опфатени за време на презентацијата. Објаснете ја структурата на презентацијата и наведете колку ќе трае, бидејќи се случува да продолжените 5 минути од наведените 20, да изгледаат како вечност. Истото би се случило во случај да се скрати – одредени објаснувања ќе станат незадоволителни во очите на аудиториумот.
За време на состанокот, присетувајте се на агендата со цел да го одржувате курсот на презентацијата. Припремете презентациска книга (агенда) и самиот почеток најавете дека секој од учесниците ќе добие копија на крајот од состанокот. Со ова ќе ги ослободите од огромни белешки, така да го добивате целосното внимание. Гледајте да секое прашање биде прецизно и комплетно објаснето до крај, но во случај да не можете, изјаснете го тоа а воедно и причините.
3. Мислете на насловите, не на референци и етикети.
Презентерите често имаат импресивни податоци во нивните статистики и дијаграми, но ретко кога ја доловуваат нивната суштина и значење, така што аудиториумот не разбира што бројките докажуваат. Што кажуваат вашите податоци? Воведот на дијаграмите е убав показател за што аудиториумот треба да размислува. Користете воведи за да ги воспоставите главните точки. Водете го аудиториумот, нумерирајќи ги дијаграмите или слајдовите, кажувајќи им колку вкупно имате на број.
4. Вклучете го аудиториумот.
Побарајте интересни визуелни направи за да презентирате суви-рутински материјали. Малку креативност ве води на голем пат. Новите компјутерски програми дозволуваат да поиграте со визуелноста околу дијаграмската изведба. Новинските агенции најмуваат врвни артисти, да ги обработуваат нивните статистики, да ги направат интересни и јасни. USAtoday се особено вешти во графикони, и поставуваат најмалку еден, секој ден во долниот лев агол на насловната страница. Проучете ги техниките на овие публикации и позајмете/научете од нив.
Смислете начини како да ги вклучите слушателите. Одредени игри кои ќе одговараат прашања или ќе превидуваат резултати нема да бидат на одмет се додека го држите фокусот на слушателите.
Обидетесе да додадете нешто екстра, нешто неочекувано. Ќе демонстрирате повеќе од обичната рутинска динамика. Може да пуштите аудио касети од задоволни конкуренти во врска со темата, да цитирате дел од говорот на извршниот директор кој е во слушателите или да пуштите исечок од вести или документарна програма кој ќе има за цел да ги поткрепи одредени точки од агендата.
5. Завршете храбро.
Дајте им нешто за да ве запаметат. После баналниот завршеток на презентацијата логично е вниманието на слушателите да биде свртено кон друга конкурентна содржина. Токму затоа обидете се да најдете нешто што ќе биде како ваш показател, ваша референца, чисто колку да останете запаметени.
Не дозволувајте презентацијата да заврши со конфузност. Завршете со заклучок и силна ре-изјава на вашата препорака или предлог. За големи презентации, побарајте нешто запамтливо, нешто за драматична завршница – нешто визуелно, можеби некаков подарок кој ќе ја симболизира вашата главна точка т.е. тема.
Одржете си го ветувањето за временското ограничување. Секоја минута плус ќе ја одслика вашиот недостаток на дисциплина, барем во очите на слушателот.
На презентерите често им никнуваат крила кога ќе се соочат со аудиториум. Ако тоа што сте го напишале е временски точно во пробата, сигурно дека ќе има продолжеток во главниот перформанс. Затоа ако имате дозволени 20 минути, напишете ја презентацијата за 15, така што ќе си дадете малку простор а и време.


Дополнителен секција која истражува "говори што креираат поента" со неколку совети:

1. Обликувајте ја темата со точка на гледање:
Некои циници тврдат дека потсвесен наслов на секој говор е “Како да бидеш повеќе како мене”. Можеби вашата публика не очекува говор со таков наслов, но добрите говори скоро секогаш искажуваат цврсто издржан, личен аспект на работите.
...идеи за кои верувате дека се добар избор за вашиот говор. Том Питерс,

авторот на In search of Excellence, советува да не се одбира било каква тема за која не се чуствувате доволно спремни. Држете се до наслови во кои имате сигурност и за кои длабоко водите грижа. Секако, немојте да ја чувате затворена вашата пасија кој темата; кај слушателот најмногу поени ќе соберете доколку тој го воочи вашиот ентузијазам за темата.
2. Почнете брзо.
Можеби е од чест или привилегија што ќе имате време да зборувате за вашата тема, но тоа не е причината за која слушателите се дојдени. Задлабочете се во тоа што сакате да биде слушнато. Одредени настани од ваков тип можеби и имаат потреба од вакви воведни говори, но сепак обидете се тие да бидат што пократки.
Одредете почетна точка на вашата презентација на која ќе можете да се навраќате во текот на презентацијата (од типот КАКО ШТО КАЖАВ НА ПОЧЕТОКОТ...), а сепак да не бидете досадни, нудејќи јасна слика за вашето произнесување.
3. Напишете го вашиот говор да биде зборлив.
Не мислете на тоа како на говор. Сфатете го тоа како еден разговор со пријател. Читајте го на глас нацртот за вашиот говор, и уредувајте го додека не прозвучи како природен разговор. Говорот мора да ве рефлектира вас. Никогаш не нудете говор кој е одбран од друг. Секогаш корегирајте го во ваш стил.
4. Оставете ги да мислат.
Добар говор е тој што ќе ги инспирира слушателите да подразмислат за темата од нова и свежа перспектива. Исто така од голема помош е, нормално ако го имате кредибилитетот, да аудиториумот ве гледа дека зборувате од лично знаење.
5. Ни еден говор не бил прекраток.
По завршетокот може да размислувате дека вашиот говор бил недоволен т.е. краток. Размислете за колку помалку време би го кажале истото и би доловиле иста цел.
последниот совет е адресиран до тоа како говорот да звучи полесно и поприфатливо:
       Претставете го вашето произнесување во очите и ушите на аудиториумот како тоа да блика од вас. Гледајте напишаниот говор да делува субјективно т.е. како да зборувате само кон одредена личност. А секако дека тоа претходно ќе биде коретно тестирано.

Превод: Горан Стаматоски

извор:
http://www.brainpickings.org/index.php/2012/12/20/writing-that-works-roman/