сабота, 8 јуни 2013 г.

Со ковање кон иднината: Античките Lohar ковачи од Раџастан.

rb18
Lohar ковачи од Чомо во Раџастан.
Змијулесто исплеткани кабли и мали огништа наоколу се недоволни за да го одвлечат вниманието од малата "напатена" наковална.  Мирисот на пепел и стопен метал се преплетува со мирисот на печениот леб.  Ова не е работилница. Ова е местото каде што 40 члената група на традиционални ковачи живее со нивните деца. Овде во селото Чомо во северо-источна Индија, фотографот Tobbe Malm од Шведска се чувствува па и не толку далеку од дома.
rb11.img_assist_custom-480x640
Ковач на своето работно место/дом .
Како бивш ковач, Tobbe Malm се фасцинирал од начинот на живот кај овие луѓе во Раџастан. "Средбите со нив беа доста позитивни" вели Malm. "Начинот на кој ги фотографирав, со широко-аголни леќи, направи да со нив изградам одлични врски и средби, поради близината на фотографирањето ". Тој додава дека,  неизбежно било да се примети задоволството на нивните лица и покрај сиромашните услови за живот.
rb17.img_assist_custom-480x640
"И жените се комплетно вклучени во ковачките активности"
Многу од ковачките фамилии во Раџастан припаѓаат на системот на касти, поточно на кастите Lohar или Agaria. "Agaria" е дериват од од Хинду зборот "aag" што значи Оган, а "Lohar" доаѓа од санскритот "lauha-kara" или во превод  "работник со железо". Народот Lohar е распространет низ северна и централна Индија, но именуван е со различни имиња во другите предели од Индија.
rb1.preview
"Лицето на концентрацијата"
Голем дел од Lohar народот мислат дека потекнуваат од Vishwakarma , "се-створителот", Хинду богот на артистите и архитектите. Групата што Malm ја посетил верува дека "нивната каста потекнува од почетокот на времето и нивната традиција кажува дека првиот Агарианец го исковал плугот со кој ја изорал Првата земја".
rb24
"Искусна наковална на отворено небо"
Топењето железо е античка индустрија во Индија, датирајќи назад во времето со илјадници години. Гледајќи ги Lohar во денешњн Раџастан, може да се примети дека и не е многу сменето со текот на времето. Старите наковални и ковачници "организираат" еден амбиент кој потсетува на средновековието т.е. на времето пред модерната индустријализација.
rb19.img_assist_custom-480x640
"Дури и слепилото на едното око не претставува пречка за овој ковач"
Во ковачниците кои Malm ги посетил  работата почнува во 9 часот наутро па се до 7 попладнето, скоро секој ден. Цели фамилии се вклучени во работата. Децата ја кршат рудата, која мажите покасно ја претопуваат и ја обработуваат на наковалните заедно со жените, кои покрај тоа често се одговорни за прехраната и печењето леб. Металните производи најчесто се користени за егзистенцијални потреби, за земјоделие или готвење.
rb2
"Летната жештина знае да биде жестока во ковачниците"
"И јас исто така се декларирав како ковач" се присетува Malm. "Тие ме погледнаа во рацете и се насмевнаа. 'Ти користиш заштита? ' - ме праша еден од присутните, воочувајќи дека рацете ми беа чисти во тој момент". Тие инсистирале од Malm да им ги покаже неговите ковачки вештини, врз тазе стопеното железо кое со помош на ковачкиот чекан треба да се преобрази во лопата, пред очите на "публиката" во исчекување.
rb20
"Прецизно разработените техники на дело"
Во Чомо, Lohar народот живеат и работат во истите објекти/куќи. Традиционално, нивната каста е номадска, често преселувајчи се со подвижни воловски каравани. Но и покрај нивната целовремена радост, живеењето и не е така лесно. Многу од децата не посетуваат школо, така да писменоста е на ниско ниво. Исто така, нивните рачно изработени производи се слаба конкуренција на машинските производи. Но и покрај сите предизвици, животниот стил на Lohar заедницата останал ист, од антиката па до денес.
rb15.img_assist_custom-480x640
"Најчесто посетено школо"
rb23
"Тркало кое со енегрија го напојува разгорувачкиот ветар"
После Чомо, Malm продолжил на север во градот Мандава. Во Мандава, мажите и жените работат заедно со заеднички алати. Браковите во Lohar заедницата се договараат во склоп на нивната каста. Семејството мора да плати мираз на младоженецот, во вид на пари и разни апаратури. Меѓу другото, постојат и детски бракови. Иако се нелегални во Раџастан, ги има во голем број.
Како и да е, Lohar дозволуваат развод и реорганизација на бракот. После смрта на брачниот другар, прифатлив вид на реорганизација на бракот е склопување на брак со братот или сестрата на починатиот. Иако Lohar се моногамна заедница, во одредени прилики (пр. кога жената не може да носи дете), се дозволува менување на партнерот.
Околу прашањето за наследство, Lohar се водат по патријархалниот принцип т.е. синовите го наследуваат имотот и најстариот маж е глава на фамилијата. Иако статусот на жената не е на исто рамниште со тој на мажот, тие работат заедно, едни покрај други, паралелно грижејќи се за малите деца и приготвувајќи храна за целото семејство.
Насени се низ централна и северна Индија и тие територии ги гледаат како дом на нивните предци. Таму се вели дека, некогаш одамна, тие биле изработувачи на оружје во кралството на Mewar. После инвазијата од страна на кралството на Могулите, заедницата Lohar се распрснала низ остатокот од Индија.
Некои историчари ја датираат Lohar заедницата заедно со уште неколку други Раџастански заедници, се дури во времето на пасторалните Скити во Иран. За нив сметаат дека на денешните територии се населени во периодот од 500 пр.н.е. до 500 н.е.
Како и да е, денес тие се дел од демографските одлики на Индија, но со се помалата побарувачка за нивните рачно изработени производи, иднината на оваа заедница не е сигурна.



извори: 1234.
jatagan.