Челниците и тајфата
МИЛЕНИУМСКАТА
ИНСТИТУЦИЈА КАЈ АРОМАНЦИТЕ НОМАДИ
(Објавена во Sociologia Romaneasca, Anul 3, nr. 1-3, lanuarie-Martie 1938, str. 18-23)
Првите историски споменувања за Ароманците датираат од
крајот на 10-от век. Најстариот византиски хроничар кој ги споменува е Кедрен.
Првиот документ, со сигурна дата (980), во кој се споменати Ароманците, е
грамотата на царот Василие 2 Бугароубиецот, зачувана од византискиот хроничар
Кекавменос, во својата хроница озаглавена ”Стратегикон”.
Уште од таквите први пројавувања во историјата, тие се
представени се две карактеристики, кои, некои од групите ги задржале се до
денес:
1. Тие се претставени како номади “vlahon oditon”, Власи патрици, вели Кедрен, кога зборува за Ароманците, кои како да го убиле, некаде во 976 год., Давид, братот на царот Самоил, зборува за Ароманците, од кои нејзиниот татко, Алексис Комнен, мобилизирал извесен број во својата војска, таа вели:”Тие кои водат номадски живот се нарекуваат со заедничкиот јазик Власи(vlorhos toutous e koini kalein oide dialektos)”.
1. Тие се претставени како номади “vlahon oditon”, Власи патрици, вели Кедрен, кога зборува за Ароманците, кои како да го убиле, некаде во 976 год., Давид, братот на царот Самоил, зборува за Ароманците, од кои нејзиниот татко, Алексис Комнен, мобилизирал извесен број во својата војска, таа вели:”Тие кои водат номадски живот се нарекуваат со заедничкиот јазик Власи(vlorhos toutous e koini kalein oide dialektos)”.
2.Тие се прикажани
дека имаат задачи кои се нарекуваат,челници. Овие две карактеристики, инаку, се
неразделни едната од другата. Институцијата челништво е неразделно поврзана од
номадската состојба. Таа се срекава и опстојува се до ден денес само кај
номадските групи на Ароманците. Седентарните Ароманци, тие кои се занимаваат со
трговија, со занаетчиштво или земјоделство,немаше како да зачуваат толку
специфични форми. Тие требаше да се интергрираат во општите норми на
општествениот живот на градот или областа каде живеат.
Што беа,
што се челници?
I.
Што беа во минатот можеме да се
замислиме преку составување на мозаикот од она што уште останало од оваа
институција и преку аналогија, затоа што детали и податоци не се задржани.
II.
Зборот челник произлегува од словенскиот
збор Чело. Би било, значи, поглавар. Всушност значењето на зборот опфаќа многу
повеќе. Кекавмен го прикажува како византиски еквивалент на институцијата Strateg,
“strategos” =
командант. Ова значи, дека во негово време, во 11-от век, челниците ја имале
функијата и на воени команданти.
Челништвото значи, било слично на кнешевството
кај Романците, во времето на процутот на оваа институција, пред формирањето на
романските држави. Двета институции, како кнежевството така и челништвото, со
текот на времето претрпеле трансформации. Кнежевството најпосле требало да
исчезне затоа што било побиено, по планините, со зајакнувањето на Унгарската
доминација, а во принципатите беше апсорбирано од влијателната моќ на
владетелите. Челништвото, благодарение на помалку приврзаните форми на
управувањето на турската администрација, успеало да опстане со векови,
задржувајќи се , кај одредени племиња, се до наши дни. Дури последните населби
кои произлегоа по одстранувањето на турската власт од областите населени од
Ароманците, ќе му стават крај. Еве како изгледаше оваа институција пред 2-3
децении кога го доживеавме ние.
Челникот е водачот на една група фамилии чии што број може да варира од
случај во случај, достигнувајќи некаде до 100. Групата се нарекува “falcare”(тајфа).
Застанувањето на челникот на чело на групата не е поврзано со формални норми.
Богатството, славата, престижот, содредувачките фактори во изградувањето на
власта на челникот врз тајфата. Јадрото на тајфата го чини фамилијата, браќата,
роднините, потоа луѓето во служба на Челникот : овчарите
од неговите стада и мандраџиите на бачилата; најпосле,
другите фамилии, кои решиле да се придружат на првичната група. Треба да се
забележи, воопшто земено и посбно кај номадите, семејното чуство и роднинската
се многу развиени. По правило, синот или братот на ченикот го наследува
челникот во раководењето на тајфата, доколку ги поседува неопходните елементи,
што ќе го наметнат: богатство, слава, престиж. Односот на
послушноста не се засновува врз никаков законски текст. Нема ништо принудно.
Власта на челникот е факт што прифаќаат неговите, а за кој водат сметка и
властите, без да биде вграден во некако закон или официјална одредба.
Значи, кои би биле обрските на челникот како водач на тајфата ? Челникот е
исто времено управител на стопанските интереси на групата, мудрец, родетел и
силен заштитник на сите членови од својата тајфа како и на секој поединечно.
Челникот застапува, брани и интервенира за целата тајфа, во сите случки кои се
јавуваат во односите со надворешниот свет. Тој ги решава сите проблеми на
групата во врска со данокот. За членовите на групата данокчија не постои.
Работата со данокот е работа на челникот. Целата стоко, овцо, коњи, маски, и
така натаму кои го представуваат имотот на секое семејство кое ја чини групата,
се смета, во поглед на данокот, дека му припаѓаат на челникот. Значи, нему ќе
му се обраќаат сите тие кои имаат нешто во врска со овој имот.
Тајфата ја гледаме, како совршена стопанска и општествена целина. Таа е
еден вид идеална кооперативна, без статути и правилници, без сложените
книговодствени регистри, но од друга страна кој има субстрат на неуништувачко
братство, солидарност, кои произлегуваат од неограничената доверба на членови
на групата во својот челник, од несомнена власт врз членовите на групата.
И уште нешто: не треба да изумиме дека животот на тајфата и на
стадата се одвивал во планините, кои за целото време колку што траеше турската
доминација, беа населени, покрај од стадата на романците, и од ајдутските
банди, комити или од обични шумски арамии. Најприродната заштита на ваквите
банди беа ароманските мандри. Тие ниту помислуваат да одбијат да ги
заштитуваат. Затоа што овчарите можеле да бидат убиени а стадата уништени.
Прибирањето на ваквите банди од кои некои се бореа против власта преставуваше
еден од најделикатните проблеми. Да бидеш добар и со револуционерната банда и
со турската власт, се чинеше невозможно. Сепак челниците знаеа да се извлечат
од тоа служејќи им на едните и благодарејќи им на другите.
Исчезнувањето на челништвото со се што беше убаво во тој архаичен живот,
живеен со слобода и јунаштво е последица која не може да се одстани со една
фатална состојба. Сепак, пред негото исчезнување нешто што си го знаел во
времињата кога било во развој, не можело а да не бидеш без чусвство на длабока
меланхолија, и покрај тоа што знаеш дека и поинаку не се може, како што не
можеш да останеш рамнодушен пред исчезнувањето на некој кој ти бил мил па макар
и да знаеш дека бил осуден без можноста за спасување од медицинската наука.
Со
ваквиот комплекс на принадлежности, средства и постапки, челниците и
челништвото минале векови и се задржаа, како што веќе рековме, кај некои
племиња се до денес.
Нема коментари:
Објави коментар